Makedonski

Napisao Crvena Kritika sreda, 11 februar 2009 13:03
Pažnja, otvara u novom prozoru. ŠtampaEl. pošta

Најпрво, Руската Револуција ја доживуваме како исклучиво позитивна. За прв пат, рaботниците и селаните докажаа во дело дека е можно да се води општество без земјопоседници, капиталисти и банкари. Се покажа супериорноста на планската економија над анархијата на капиталистичкото производство, не само на полето на идеи ама на конкретната арена на индустрискиот развој, растот на животниот стандард, образование и здравство. Русија, за многу кратко време, стана, од назадна, во главно, земјоделска и империјалистички доминирана земја, една од првите економски и индустриски сили на Земјата. И сето ова само заради планската економија. Ако земеме за пример друга назадна капиталистичка земја од тој период и ја следиме нејзината еволуција во последните 80 години, со многу мали исклучоци, ќе заклучиме дека таа останала назадна и под доминација на империјализмот. Можеме да ги наведеме како примери Индија, Пакистан, Филипини, повеќето од Латинска Америка, итн.

 
Napisao Alan Woods & Ted Grant sreda, 11 februar 2009 12:30
Pažnja, otvara u novom prozoru. ŠtampaEl. pošta

Napisao Fred Weston ponedeljak, 05 jul 2004 13:01
Pažnja, otvara u novom prozoru. ŠtampaEl. pošta

Вчера во цела Грција се славеше. Нивниот национален фудбалски тим, лузерски, аутсајдерски, со шанси 80 спрема 1 за победа, постигна она што многумина го сметаат за чудо, победа на финалето на Европскиот Куп! Тие беа лузери кои требаше да бидат елиминирани на самиот почеток. Овој пат големите, Германија, Франција, Шпанија, Италија, Англија отидоа. На обичните грчки работници и студенти им требаше навистина нешто весело во нивните животи кои се милион светлосни години далеку од вчерашната претстава со огнометот. Многумина невработени и слабо платени работници беа пресреќни од идејата дека ги терминирале посилните од себе земји. Сепак, заедно со нив беше и ново избраниот премиер Костас Караманлис, кој навиваше заедно со останатите грчки навивачи. Тој седеше на седиштата резервирани специјално за елитата и без сомневање мислеше дека резултатов е многу корисен за одвлекување на вниманието на јавноста од вистинските проблеми на животот. Не сакаме да го расипуваме расположението, а се надеваме луѓето направија луда забава мината ноќ, но не може да се избегне дека сето ова има една многу реакционерна страна во себе. Современите фудбалски натпревари се еквивалент на античко римските panem et circenis (леб и циркуси), кои ги плаќале богатите за големи претстави кои ги правеле ниските класи весели, идеја дека веселите луѓе не се жалат! Сега за сега Караманлис и грчката владеачка класа може да се замислуваат дека се силни. За 6 недели тие ќе ги имаат Олимписките Игри. Но, ништо од ова нема да послужи да се отстрани вистинската ситуација со која е соочена грчката работничка класа. Еуфоријата може аа потрае неколку недели, но реалните околности ќе се вратат по нив, невработеноста, ниските плати, инфлацијата итн. И додека трае забавата да погледнеме што се случува во вистинскиот свет на Грција.

Napisao Fred Weston četvrtak, 30 maj 2002 12:47
Pažnja, otvara u novom prozoru. ŠtampaEl. pošta

Работниците од Македонија уште еднаш покажаа дека до суштинска победа се стигнува само со борба. Штрајкот на 80 000 работници од јавниот сектор кој започна минатата недела ја принуди владата на отстапки.

Napisao Dragan Drača ponedeljak, 11 februar 2002 12:57
Pažnja, otvara u novom prozoru. ŠtampaEl. pošta

И покрај тоа што граѓанските (буржоаските) економски теоретичари имаат обичај да го гледаа капитализмот неисториски, како вечен и единствен можен облик на општествено уредување, а што имплицира единствена теорија на капитализмот, нивните погледи и теории за капитализмот се менуваат напоредно со неговиот развој, постојано судирјќи се и разидувајќи се. Резултат на тоа е она што денес претставува „економска наука“ - нехомогeно множество на идеи, меѓусебно спротивставени и понекогаш со потполно исклучиви теории. Граѓанските економисти го преферираат еуфемизмот „економски школи“, но со тоа не се менува суштината на стварите. Која од нив, во некој момент, ќе се смета за вистина и со тоа темел на економската политика на државата, зависи од стадиумот на развој во кој се наоѓа капиталистичкиот систем во дадениот момент и од интересот на владеачката (капиталистичка) класа, која го артикулира државниот апарат како нејзин инструмент за одржување на дадениот поредок. [7, 11]

Napisao Alek A. utorak, 11 decembar 2001 12:22
Pažnja, otvara u novom prozoru. ŠtampaEl. pošta

„... на секој чекор потсетувани сме дека под никакви услови не владееме со природата како освојувачот со странските народи, како да стоиме надвор од природата - но дека ние, со тело, крв и разум, припаѓаме на природата, и постоиме во нејзина средина, и дека целото наше господарење над неа се состои во тоа што ние ја имаме предноста во однос на другите суштества да бидеме способни да ги научиме нејзините закони и да ги примениме точно“

Ф.Енгелс „Улогата на трудот во преминот од мајмун во човек“